Полицијата уапси група шверцери на цигари

Полицијата во синоќешната акција во источна Македонија уапси неколку лица кои биле дел од поголема група кои шверцувале цигари во Бугарија.

Од МВР информираат дека се извршени и претреси во повеќе објекти со Делчево, Крива Паланка и други локации во источна Македонија.

Како штоп појаснуваат од МВР, полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје за да ги запрат шверцерите кои се обидувале да побегнат со џип, по што осомничените со својот теренец удриле во дрво по што биле приведени.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести