Помогнете му за подобар секс: 5 прашања за жените кои ги интересираат мажите

Припадниците на посилниот пол сакаат да знаат што им треба на жените во сексот, зошто глумат оргазам и дали вибраторот повеќе им одговара отколку вистински секс. „Cosmopolitan.rs“ им излезе во пресрет на љубопитните и еве што одговори на петте најпоставувани прашања од мажите:

Што жените навистина сакаат од мажите?!

Пред сè, сите жени сакаат некој кој ќе направи да се чувствуваат фантастично, атрактивно, секси… Некој кој ќе им посвети внимание и ќе им дава комплименти. Подоцна, потребите на жените се менуваат во согласност со чувствата и развојот на врската.

Совет за вас: Кажете му на вашиот сакан во што најмногу уживате за време на сексот, или едноставно движете се во таа насока. Тоа ќе го поттикне да направи и повеќе од тоа што ви треба.

Совет за него: Објаснете ѝ дека навистина сакате да ја задоволите. Измасирајте ја и направете ѝ топла бања, па потоа додека таа лежи во када и се опушта, започнете разговор за тоа што таа го сака.

Зошто жените лажат?

Главната причина е за да се заврши сексуалниот чин и да не ги повреди неговите чувства, но постојат и многу други. Жените обично се грижат за потребите на мажот, отколку за нејзините. Понекогаш станува збор за стрес, депресија или алкохол што ја спречуваат жената да доживее оргазам, а мажот веднаш мисли дека проблемот е во него.

Совет за вас: Направете место за секс во кој ќе уживате и ќе се релаксирате,  па нема потреба да глумите.

Совет за него: Потребно е да ја освоите нејзината доверба, така што ќе се фокусирате на она штоа нејзе ѝ е потребно. Нежни допири ѝ помогаат на секоја жена да се релаксира.

 Може ли жена да ужива во сексот, а да не го достигне врвот?! 

Со еден збор ДА. Женскиот мозок го има чувството дека е сакана и од физичкиот допир. За време на сексот мажот го достигнува задоволството, кога од суштинско значење е ејакулација. Кај жените, тоа не е случај. Таа може да го достигне врвот на задоволството, без да доживее оргазам.

Совет за вас: Започнете полека, објаснете му на мажот како да ви допушти оргазам преку клиторисот. За време на предиграта, земете ја неговата рака и бидете ѝ водич низ вашето тело, така ќе му гo покажете она што го сакате.

Совет за него: Доколку ја продолжите предиграта за 20 минути, ги зголемувате и шансите за оргазам. Обидете е да ѝ ги најдете помалку познатите ерогени зони. Љубете го и галете го секој милиметар од нејзиното тело.

Дали жените уживаат во сексот за време на менструацијата?!

Секоја жена има различно мислење во врска со тоа. Некои, на пример, за време на менструацијата одбиват секс. Од друга страна, кај други во текот на месечниот циклус се создава таква експлозија на хормони и тогаш се најрасоположени.

Совет за вас: Ако вашето либидо расте за време на менструацијата, тогаш можете да му предложете на вашиот партнер секс под туш пред работа. Тоа сигурно нема да го одбие.

Совет за него: Ако таа одбива секс во текот на овој период, тоа не го сфаќајте лично. Некои жени едноставно не сметаат дека тоа е нешто во кое вие би требало да уживате. .

Дали на девојките повеќе им одговара вибраторот или вистинскиот секс?

За повеќето жени, сексот е чин во кој тие сакаат да бидат што поблиску до мажот кого го сакаат. Таа повеќе ужива во интимноста со партнерот, отколку во сексот како физичко задоволство. Од друга страна, врвот што таа го достигнува со помош на вибратор е краток, поостар и поинтензивен.

Совет за вас: Ако вам повеќе ви одговара вибраторот сами, објаснете му на вашиот партнер дека тоа е исто како кога тој мастурбира кога е сам.

Совет за него: Ако сте љубопитни, замолете ја да го вклучи вибраторот во вашиот сексуален живот. Потоа чекајте да видите што ќе се случи.

]]>

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести