Популарниот рапер го истетовира ликот на Џеј Рамадановски

Колку тој бил почитуван од оние кои се занимавале со истиот бизнис како него покажува и фактот што раперот Вук Моб дури и го истетовирал ликот на пејачот, пишува српски Блиц.

Заедно со ликот на Џеј, раперот го додаде и текстот „Ветрови ме ломе, ја терам по своме “, а во една прилика раскажа зошто се одлучил на овој потег.

-Имам тетоважа на ликот на Џеј, многу го сакав и ми беше исклучително драг. Тој е можеби единствениот пејач од нашата естрада што го сакав како да е мој , а ако ме прашате зошто, не знам. Ја сакав неговата музика, а и мојот покоен татко исто така ја сакаше неговата музика, па мислам дека сето тоа е некако поврзано едно со друго – објасни раперот за Гранд.

Вук Моб еднаш своевремено сними  песна наречена „Славија“, а во спотот се појави и легендарниот пејач.

Снимањето се случило во кафеана каде Џеј и Вук одлично се забавувале, а раперот се пофалил дека му е чест што Џеј се согласил на соработка.

Најчитани вести