Бурата околу разводот на Мелина и Харис Џиновиќ никако да стивне и да го добие својот епилог, но како што дознава српски „Ало!“, модната дизајнерка ставила крај на бракот поради еден од најпосакуваните српски бизнисмени.
Како што тврди извор за „Ало!“, Мелина веќе половина година ужива во романса со бизнисмен, кој е две години постар од неа.
– На сите им е јасно дека бракот на Мелина и Харис одамна го изгуби сјајот и дека беше прашање на денот кога ќе се разведат. Иако нивниот однос почна да се лади многу пред таа да ја напушти семејната вила, успеа да сокрие дека вистинската причина поради која ставила точка на тој брак е мажот што го запознала минатата година и започнала романса со него – вели изворот и открива дека се работи за човек кој со децении важи за еден од најпосакуваните личности од јавната сцена.
– Покрај тоа што е моќен, успешен и богат, нејзиниот нов емотивен партнер важи за најпосакуваниот маж откако се појави на сцената. Неговото богатство, моќ и изглед беа доволна причина да ја придобие Мелина, која со години беше незадоволна од бракот. Секој слободен момент го користат да бидат заедно, а тој ја опсипува со скапи подароци и внимание, па таа се чувствува како вљубена тинејџерка. Со оглед на тоа дека работата му е примарна и сака сликата што постои за него да биде неизвалкана, се договориле да го кријат фактот дека се заедно колку што можат. Нивните блиски пријатели се воодушевени од врската, и често се шегуваат дека конечно има партнер кој оди со неа – вели изворот, со тврдења дека љубовниците се гледаат во неговиот луксузен стан.
– Мелина оди на тајна локација да ужива со новото момче секогаш кога тој е слободен. Станува збор за една од неговите скапи недвижности во најпрестижната населба на нашиот главен град. Бидејќи има неколку од нив, тој ѝ понудил да се сокрие во станот во кој се среќаваат, но таа го одбила – заклучува изворот за „Ало!“.
извор: slobodenpecat.mk


