Поранешен полицаец освоил милиони на лотарија, а тоа што го направил со парите ќе ве остави во шок!

Ветеран од британската армија и поранешен полицаец доби џекпот од 10,2 милиони фунти на Поштенската лотарија кој го подели со своите соседи во населбата каде што живее.

Дејвид од гратчето Бриџ Ерне, во округот Першир на југозапад на Шкотска, татко на две деца, на 27 април на поштенска лотарија успеал да освои 10,2 милиони фунти и, како што објави Сан, тој ја поделил добивката со 10 соседи во неговото маало.

Британските медиуми објавија дека џекпотот од 10,2 милиони фунти е најголемата премија досега освоена на лотарија во Шкотска.

Другите двајца најголеми добитници во извлекувањето на 27 април освоија по 680.000 фунти, а осум играчи освоија по 340.000 фунти.

– Не знам како се чувствувам. Јас сум малку шокиран. Мислев дека 15.000 или дури 5.000 фунти ќе бидат многу, но сега сум апсолутно зачуден – рекол Дејвид додека неговите соседи гласно го прославувале џекпотот.

Веста за овој добитник на лотарија го обиколи светот, пишува Информер.

Најчитани вести