Поранешниот мaж ѝ ги отсекол двете раце бидејќи се сомневал дека го изневерува: Денес изгледа неверојатно, а конечно дочека и правда

Веста дека маж ѝ ги пресекол двете раце на сопругата во напад на љубомора пред 6 години ја потресе не само Русија туку и целиот свет. Имено, како што објавија тогаш локалните медиуми, мажот ѝ понудил на неговата тогашна сопруга да се прошетаат до шумата по работното време, каде што со секира ѝ ги пресекол двете раце, по што ја вратил назад во Москва и ја однесел на Итна Помош, а тој сам се пријавил во полиција и го признал делото.

Димитри и Маргарита се запознале на училиште и почнале да се забавуваат по факултетот. Тие двајцата биле среќни заедно, но тој многу брзо избувнувал за сосема неважни работи и ѝ ветил дека ако го изневерува ќе ја убие.

Кризата во нивната врска започнала откако Магргарита се вработила во маркетинг тимот на локален весник, а тој иако со диплома, не можел да најде друга работа освен како возач на виљушкар. Како минувало времето тој се повеќе бил љубоморен на нејзините колеги и на нејзината кариера, а дома се поповлечен.

Кога Маргарита побарала да се разделат, тој целосно го игнорирал нејзиното барање, а кога ги донела документите за развод, тој „полудел“. Една вечер ја нападнал во нивниот двособен стан, вознемирувајќи ги и децата, а следниот пат кога ѝ се заканил со нож, таа го пријавила во полиција.

Во едно од интервјата со неа, Маргарита изјавила дека откако го пријавила во полиција, дежурниот полицаец ја информирал дека ќе ѝ одоворат на пријавата за 20 дена.

-Му посочив дека дотогаш тој би можел да ме убие 20 пати, раскажала таа.

Пет дена откако нејзиниот случај бил одбиен поради недостиг на докази, Димитри ѝ ги отсекол дланките на Маргарита. Остатокот од нејзината лева рака била пронајден во шумата и повторно ѝ бил зашиен за време на деветчасовна операција, додека на десната ѝ била ставена протеза во Германија со пари од донации.

По сето ова низ што поминала Маргарита не верувала дека повторно ќе може да поверува во љубов, судбината имала други планови за неа.

-Трпеливо ме чекаше и не ме притискаше. Верувам дека затоа и успеа. Моите два сина одлично се согласуваат со него – вели Маргарита за Максим, нејзиниот втор сопруг, кој долго време ѝ бил пријател, додавајќи дека нејзините синови не знаат ништо за тоа како татко им ѝ ги отсекол рацете на нивната мајка.

-Знаат само дека е во затвор и толку, вели таа.

Инаку, Максим и Маргарита се венчале во 2020 година, а веќе во 2021 година се родила нивната ќерка Јарослава.

На крајот за неа пристигнале и добри вести од Европскиот суд за човекови права, кој ѝ наложил на Русија да им плати отштета на четири жртви на семејно насилство, меѓу кои и Маргарита Грачева.

Според одлуката на Европскиот суд за човекови права, руската влада мора да ѝ плати на Грачова и да ѝ ги покрие сите минати и идни медицински трошоци, како и надомест за моралното и физичкото страдање поради тоа што не реагирала соодветно. Во пресудата се наведува и дека три други жртви на семејно насилство, Русинките Наталија Туникова, Јелена Гершман и Ирина Петракова мора да добијат отштета од Русија.

Како што вели Маргарита, за неа најважно е тоа што, според пресудата на Европскиот суд за човекови права, судот ѝ наложува на Русија да донесе закони против семејното насилство.

Денес Грачева е една од најгласните жени против семејното насилство и секојдневно е активна на социјалните мрежи каде ги воодушевува нејзините фанови со фотографии од нејзиниот нов живот, пишува „Wanted.mondo“.

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести