Поранешниот свршеник на Меријем се кае: Жал ми е за сѐ

Меријем Узерли по лошиот крај на врската со поранешното момче, поради кој се обиде да се самоубие, одлучи да биде самохрана мајка. Со Кан Атеш (46), Меријем не се видела од минатото лето, откако се пресели да живее кај родителите.

-Станав свесен за своите грешки. Жал ми е сè. Те молам, дозволи ми да бидам со тебе кога нашето дете ќе дојде на свет, ѝ напишал Атеш на Меријем Узерли.

Пријателите велат дека турскиот брокер сака што е можно побрзо да ја напушти Турција и да замине во Германија кај Меријем.

Актерката која стана позната како Султанката Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, треба да се породи за две недели, а таткото на бебето сака да биде со неа во породилната сала. Тој ја остави кога дозна дека е бремена, бидејќи не сакаше дете со неа.

-Меријем планира да се породи во вода, а нејзините пријатели веќе ја имаат подготвено забавата да добредејде по пораѓајот. Одлично се снаоѓа сама – раскажал еден близок пријател на Хурем.

]]>