Поранешниот тенисер и тениски тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер (56) се ожени со својата 33-годишна девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро, а венчавката се одржала во кругот на семејството и најблиските пријатели.
Швајцарскиот магазин „Блик“ откри дека венчавката била голема тајна, а ни сите гости не ја знаеле точната локација однапред. На настанот било забрането фотографирање, а и покрај тоа што биле присутни избрани луѓе, сепак имало и обезбедување за максимална приватност на славната двојка.
И на крај, Бекер сепак одлучил да ги сподели ексклузивните фотографии од венчавката со јавноста и ги продал на познатиот магазин Вог, наводно за петцифрена сума.
Интересно е што Бекер неодамна со своите фанови на Инстаграм сподели неколку фотографии од медениот месец по венчавката, на кои може да се види како тој и Лилијан уживаат во пловењето, локалните специјалитети и привлечноста на животот на островот Карпи.
„Храна, време, луѓе… Уживаме во секој момент на нашиот меден месец“, напиша Бекер со објавата.


