Ракометниот европски шампион Хамбург го доживеа првиот пораз во годинашново издание од Лигата на шампионите. Флензбург прв успеа да го совлада Хамбург со 27:24 во дуелот на двете германски екипи во рамки на 6.коло од Д групата.
Првиот дел го доби Хамбург со 13:11, но Флензбург сепак на крајот успеа да стигне до триумф. Најефикасни на натпреварот беа Андерс Егерт од Флензбург со 9 голови и Петар Ѓорѓиќ од Хамбург со 8 голови.
На другите два натпревара одиграни вечерва во рамките на Б групата: Висла – Порто 28:22 и во дуелот од А групата Санкт Петербург – Мотор Запорожје 18:24.
На вчера одиграниот натпревар Кил – Данкерк 28:25.
Другите натпревари од 6.коло се играат во текот на викендот, кога на програмата е и дуелот меѓу македонските екипи Вардар – Металург.


