Пораз на Куманово на гостување во Пеќ

Кошаркарите на Куманово се поразени од Пеќ со 81:75 во натпревар од 13.коло на регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ).

На средбата одиграна вечерва во Пеќ, Косово, Кумановчани го претрпеа петтиот пораз во БИБЛ лигата со што ги намалија своите шанси да се вратат во водечката четворка на табелата.

Лошата игра во одбраната во првото полувреме беше клучна за поразот на Куманово кој постигна 34 поени наспроти 54 на домашниот тим.

Најефикасен во тимот на Куманово на овој натпревар беше Вукашин Мандиќ кој постигна 19 поени, додека Рој Паран придодаде 16.

Утре во Самоков Бугарија вториот македонски претставник во БИБЛ лигата, екипата на Кожув против Балкан ќе го одигра заостанатиот натпревар од 12.коло.

Табела: Левски 7-5 (победи-порази), Сигал Приштина 7-4, Галил Гилбоа 7-3, Крајова 5-7, Пеќ 6-5, Куманово 6-5, Кожув 4-7, Теодо 3-8 и Балкан 4-5.

]]>

Најчитани вести