Според пишувањето на странскиот печат, Ким Кардашијан решила да го одложи на неодредено време снимањето на шоуто, што го прослави целото семејство. Тоа е една од последиците од инцидентот во Париз, кога пред неколку дена петорица мажи упаднале во хотелската соба на Ким и под закана со оружје и украле вреден накит.
Ким е наводно се уште многу потресена и поради се, сега ги испитува своите активности на социјалните мрежи, но и експонираноста во медиумите за што стручеаците велат дека им олесниле на разбојниците да ја откријат нејзината локација.
Ким Кардашијан по немилиот настан веднаш го откажала појавувањето на една промоција во Дубаи,а потоа и останатите закажани настапи, додека нејзиниот сопруг откажал два најавени концерти. Извори блиски до семјството велат дека Ким е самата виновна за пљачката, најмногу поради тоа што на социјалните мрежи постојано го покажувала своето богатство.


