Според последните официјални анализи на Европската комисија за износите кои до сега се исплатени, во повлекување на средства од ЕУ фондовите Хрватска е најлоша во ЕУ. Податоците кои се достапни наназад неколку месеци, говорат дека процентот од исплатените средства во однос на тие кои биле на располагање во финансиската перспектива од 2007 до 2013 година за Хрватска изнесува мизерни 18 отсто.
Работата да биде уште полоша, државите на чие пристапување се чудевме во текот на последните неколку години и сметавме дека нема што да бараат во Унијата, како што се Бугарија и Романија, пред нас направија значителен исчекор. Романија се наоѓа непосредно пред Хрватска, но нејзиниот процент на искористеност е значително повисок и изнесува за нас недосонувани 36 отсто исплатени средства. Бугарија е уште поуспешна и се наоѓа на 48 отсто искористеност, а за процентот на искористеност од 78 отсто кој го има Естонија, ние можеме само да сонуваме.
Треба да се напомене даке Хрватска во финансиската перспектива за која Комисијата работеше на споредбата, го користеше претпристапниот програм ИПА, додека другите членки користеле структурни и други инвестициски фондови ЕСИ фондови, па самата оваа споредба по нешто е специфична, меѓутоа земете предвид дека финансиските алокации, т.е. износите кои се на располагање од ЕСИ фондовите, се значително поголеми од тие кои ги имавме во програмата ИПА.
Така Хрватска веќе сега има прилика во просек да користи милијарда евра годишно за перспектива од 2014 до 2020 година, додека во ИПА програмата нешто помал износ имаше за цел седум годишен период.
Иако владата редовно не уверува дека Хрватска ќе повлече максимален износ на средства и дека ќе биде успешна во користењето на ЕСИ фондовите, оправдано се прашуваме колку тие прогнози се реални, посебно кога гледаме дека во седум години не сме биле во состојба да искористиме износ кој сега ќе ни биде на располагање во една година.
Треба да се биде чесен па да се каже дека нашиот процент на искористеност во програмата ИПА ќе се зголеми до 2016 година, бидејќи средствата ги користиме според посебно правило Н плус 3, меѓутоа се уште тоа ќе биде далеку од тоа што го посакувавме за период кој требаше да служи како подготовка или мало школо за апсорпција на вистински пари, а тоа се ЕСИ фондовите.
Не ветуваат ниту коментарите кои ни ги праќа ЕК, а кои се однесуваат на квалитетот на подготвеноста на нашите стратешки документи кои се темел за користење на ЕУ фондовите за нова финансиска перспектива.
Така неодамна сведочевме на многу негативниот коментар на Комисијата на доставената содржина на еден оперативен програм. Комисијата, во еден куртоазен допис, на Хрватска и забележа за недостиг на јасна стратегија при изработка на еден оперативен програм, спомнувајќи притоа дека нацртот остава отворени многу прашања, без чии одговори нема да може да се користат алоцираните средства.
Најмногу приговори се однесуваа на фактот дека доставените документи се премногу општи и прешироко дефинирани, како и дека им недостасува конкретни чекори, т.е. причини поради кои е одлучено дека токму тие проекти ќе бидат финансирани.
Слични коментари во текот на досега спроведените јавни консултации за изработка на оперативна програма упатија и многу водечки хрватски консултанти за ЕУ фондовите, кои секојдневно работа на терен и имаат јасен увид во потребите на потенцијалните и постоечките корисници на средствата, но очигледно е од коментарите на Комисијата, дека тие приговори сеуште не вродиле со плод.
Освен за подготвеноста на стратешките документи, треба да се подготви цел систем и да се акредитира за прифаќање на средствата, бидејќи без тоа нема да биде можно да се потпишат договори во натпреварите кои ќе се распишуваат од средствата во новата финансиска перспектива, но тоа е сосема друга и уште поболна приказна која ќе ја решаваме откако ќе ги решиме стратешките документи.
Последниот натпревар за малите и средни претпријатија, но и деловната инфраструктура покажува дека интересот на корисниците за ЕУ фондовите е исклучително голем, а дека нивото на подготвеност и одговор на тој силен интерес од страна на администрацијата се уште не е доволно.
Ако продолжиме со ова темпо, ќе ни се случи сценарио во кој ќе страдаат финансиските алокации од 2014 и 2015 година, додека на тендерите од алокациите за другата половина на 2013 година, поради доцно распишување на тендерите, проектите мора да бидат завршени најдоцна до средината на 2016 година, со тоа дека уште не се знае кога договорите за тие проекти воопшто ќе бидат потпишани. Дали две години се доволни за спроведување на голем инфраструктурен проект според точно зацртаните правила, проценете сами.
Покрај сето тоа, државата постојано не уверува дека се е под контрола и дека се оди според планот, па не ни преостанува ништо друго туку да се прашаме: Има ли капетан на овој брод?
]]>


