Индонезија: Посмртни остатоци и делови од паднатиот авион извлечени од местото на несреќата

Остатоци од човечки тела и парчиња од авионот биле извлечени од местото на несреќата на патничкиот авион, што вчера падна во океанот неколку минути по полетувањето, објави Си-Ен-Ен. Во авионот имало вкупно 62 лица.

Авионот „Боинг 737-500“ од летот 182 на „Сривијаја Ер“, заминал од Џакарта кон градот Понтианак, на индонезискиот остров Борнео и веднаш по полетувањето исчезнал од радарот во 14 часот и 40 минути по локално време, по четири минути лет. Во услови на обилни дождови, авионот се урнал за помалку од една минута пред да исчезне од радарот, според информациите на глобалната служба за набудување на летовите „Flightradar24“.

Нуркачите на индонезиската морнарица ги пронајдоа остатоците од летот СJЈ 182 откако го лоцирале сигналот од трупот на авионот.

Командантот на индонезиските национални вооружени сили, маршалот Хади Тиџханто, изјави дека е убеден дека воениот брод Ригел на морнарицата го лоцирал трупот на авионот.

„Освен остатоци од авионот, индонезиската полиција примила две вреќи, едната со алишта, кошули и панталони, додека другата со делови од тела“, изјавил портпаролот на полицијата во Џакарта, Јусри Јунус, за Си-Ен-Ен.

Тој додал дека е воспоставен команден пункт во полициската болница Крамат Јати во Џакарта за идентификување на жртвите од несреќата и потрага по членови од семејствата, а се работи на идентификација на жртвите.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести