Ирската пејачка починала од природна смрт, објави судскиот вештак, пишува Дејли мејл. Детективите ја сметале за сомнителна нејзината ненадејна смрт, поради што била извршена аутопсија и обдукција на телото.
Потсетуваме, Шинејд беше пронајдена во нејзиниот стан во Лондон на крајот на јули минатата година.
Шинејд стана светска ѕвезда во 1990 година со нејзината легендарна обработка на песната на Принс Nothing Compares 2 U. Заедно со оваа песна, таа создаде и други хитови како што се This is the Day, Thank You For Hearing Me, This is a Rebel Song и многу други. Во текот на нејзината кариера издаде 10 студиски албуми.
извор: Index.hr


