На 28.06.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар, Г.В.(48) од Скопје, вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи со виљушкар, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.
Увид е извршен од полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.


