Целосно изгоре горниот кат од конфекцијата „Колор Д“ од Кочани утрово околу 8 часот и 40 минути.
Пожарот избувнал додека работела првата смена во одделот за готови конфекциски единици на „Колор Д“, која е сместена во зградата на компанијата „Тигар метал“.
– По дојавата на пожар пристигнавме со две возила од Кочани и едно од Виница со десетмина пожарникари.За еден час го локализиравме пожарот во кој целосно е изгорен горниот кат на конфекцијата, 56 машини и два тони конфекциски материјал, како и над 2.000 парчиња готови конфекциски единици кои денес требало да бидат наменети за извоз, изјави Дени Арсов, командир на кочанската територијална противпожарна единица.
Инаку, објектот на зградата во кој избувна пожарот е осигуран во осигурителна компанија, додека конфекцијата која страдаше во пожарот е без потребното осигурување.
]]>


