Пожар го зафати Кочани, горат куќи, градоначалникот бара помош

Пожарот кој речиси цел ден му се закануваше на Кочани, веќе го зафати градот. Според информациите што ги добни „360 степени“ огнот веќе зафатил куќи во неколку населби. Жителите се во паника. Се обидуваат да ги спасат своите имоти.

Пожарот што попладнево изби близу Кочани, поради силниот ветер и сувата вегетација брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало, јави државната агенција МИА.

Противпожарна екипи од Кочани се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење.

Во локализирањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

Видео на следниот линк

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести