На Селечка Планина над Прилеп во вечерва избувна пожар под врвот Чуле, кај местото Попова Нива. Според командирот на прилепската противпожарна единица Станко Колески на површина од околу 10 хектари горат трева и лескови дрва, пренесе МИА.
– Пожарот го пријавија граѓани околу 18 часот. Теренот е непристапен и каменест. Зафатени се трева и лескови стебла. Нема никакви можност да бидат зафатени дрвја и шумски терен, вели Колески додавајќи дека единицата вечерва нема да интеревенира.
Тој истакна дека теренот е непристапен и оти нема никакви услови да се испрати екипа. – Бидејќи е зафатена површина со трева не се очекуваат поголеми проблеми, а доколку има потреба утре изутрина ќе бидат испратени екипи на теренот, вели Колески.
]]>


