Пожар во Велес: изгоре жена и две куќи

Во пожар што ноќеска избувна во семејната куќа на велешкото семејство Бошкови на улицата „Ѓоре Органџиев“ во Велес изгореа две куќи и гаражи со приземен дел од објект на шивачко претпријатие во населбата Дворови. Во пожарот жива изгоре возрасна жена, панично раскажуваа соседите. Официјална потврда за жртвата ноќеска не можеше да се добие, јавува Дума.мк

Огнот околу полноќ се запалил во дворот на семејството Бошкови, молскавично се проширил во куќата за потоа да ја зафати и соседната, на семејството Јанушеви.

pozar_veles_3

Потоа следеше спасување на жива глава. Сите соседи излегоа на сокакот, од секој дом се влечеа гумени црева и се пушташе вода со цел да се гасне огнот додека дојдат пожарникарите бидејќи куќите се дел од централната густо населена населба Дворови, со тесни и кривудести сокаци.

Тие и ветрот што силно дуваше го отежнаа гаснењето на огнот. Пожарникарите се обидуваа да го стават под контрола од три страни. Помагаа и граѓани, качени на тераси и покриви на соседните куќи. Во еден момент огнот се префрли и во соседниот двор, гаражите а го зафати и приземјето на шивачката работилница на Рашеви. На лице место сеуште се гаснат остатоци од пожарот, информиа Дума.мк

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести