“Според последните информации од терен, пожарот е локализиран на повеќе места. Се уште гори над Робово, а како што не информираа екипи на пожарникари од Бугарија, Словенија и од наша страна, се распоредени скоро на сите предели”, објави на својата Фејсбук страница “Малеш.нет“.
“Огнената стихја значително е стишена, но не и ликвидирана. Патот од Пехчево спрема Делчево кој денес беше забранет за сообраќај во моментот е прооден”, се додава во објавата.
]]>


