Сопругата на британскиот принц Вилијам, принцезата Кетрин беше на операција на абдоменот. Многумина се загрижија за оваа вест, но се работи за планирана операција. Се очекува таа да помине две недели на опоравување во болница. Акцијата била спроведена мирно со присуство на сите достапни експерти, пишува „Дејли мејл“.
„Принцезата од Велс е свесна дека оваа објава ќе предизвика голем интерес и се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба сѐ да продолжи што е можно понормално заради нејзините деца. Исто така, нејзина желба е сите медицински информации за постапката останува приватна“, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет.
A statement from Kensington Palace pic.twitter.com/6h3BCrqj5L
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) January 17, 2024
Докторот Мартин Скур ги искоментира здравствените околности на принцезата. Инаку, таа има 42 години и е многу активна, а без никакви компликации роди три деца. Не се знае точно за каква операција се работи, но операцијата на абдоменот кај жените од оваа возрасна група е сосема невообичаена. Тоа може да биде операција за апендицитис, жолчни камења, цисти на јајниците, хистеректомија или операција на хернија, која може да ја развијат дури и активни, фит жени, пишува докторот.
На принцезата ѝ било препорачано да се одмори и да отсуствува од сите службени обврски полни два месеци. Се смета дека таа „нема веројатност да се врати на јавните обврски пред Велигден“.
Принцезата досега немала познати здравствени проблеми, а „Дејли мејл“ открива дека уште од детството имала лузна на левата страна од главата поради повреда која ѝ се случила. Се наоѓа под косата, па речиси никогаш не може да се забележи.
извор: slobodenpecat.mk


