Познати првите добитници на дневните награди од „МојДДВ #Моја награда“

„Државна лотарија“. Се работи за наградите што се доделуваат на дневна основа, четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите се влечат електронски, а известувањето се добива веднаш по скенирање на сметката. Добитниците на наградите средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка. На месечно ниво предвидено е доделување 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето. Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година. Наградната игра ќе трае една година до 14 декември 2020 година, а според министерката за финансии Нина Ангеловска ќе даде резултат во намалување на сивата економија.]]>

Најчитани вести