Рита Леви-Монталчини е родена на 22 април 1909 година во Италија. Таа беше една од најдобрите италијанско-американски невролози, која ја подели Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1986 година со биохемичарот Стенли Коен за нејзиното откритие на телесна супстанца која го стимулира и влијае на растот на нервните клетки.
Живеела до 103 години и била многу витална, а мозокот и работел како часовник. Нобеловецот остави препораки за развој на мозокот и за долг живот:
- Читање тешка литература – Многу научници рекоа дека постојаното учење ја зачувува виталноста на мозочните клетки.
- Решавање логички проблеми и крстозбори – го поттикнуваат мозокот да размислува надвор од рамката.
- Обидете се да запомните повеќе – На пример, откако ќе го прочитате секое поглавје, затворете ја книгата и обидете се да запомните помали детали. Слушајте се себеси, повторете го она што сте го научиле. Познатиот српски академик Владета Јеротиќ изјави дека учењето поезија или молитвата напамет може да биде убав начин да го одржите вашиот мозок добро да функционира дури и на старост.
- Учете странски јазици – Не мора да го зборувате течно, туку поентата е да го „испружите“ мозокот и на тој начин да создадете нервни врски. Научникот истакна дека ви се потребни околу 20 минути дневно.
- И конечно, одржувајте позитивен дух, тоа е една од најголемите тајни на долг и среќен живот
Рита Леви-Монталчини велеше: „Прво, не плашете се од тешкотиите. Тие ни го даваат најдоброто дури и кога ќе се појават тешкотии и проблеми, обидете се да го одржите оптимизмот и во се да гледате шанса за развој“.
Фразата и припаѓа на неа:
“- За подобрување на варењето храна пијам пиво, при недостаток на апетит пијам бело вино, при низок крвен притисок – црвено, со висок -коњак, за ангина – вотка.
„А вода?
„Ох, таква болест уште не сум имала…


