Предновогодишен концерт на неповторливиот Владо Јаневски

22 години е на музичката сцена во Македонија и со шесте албуми зад себе и безвременските хитови како „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“ и многу други, Владо Јаневски ќе ја забавува скопската публика претстојниот викенд на предновогодишен концерт во Експо Центар.

Љубовни балади „Црно Тиквешко“, „Евергрин“, „Што и да е ќе помине“, „Тајна Отровна“, „Ако не те сакам“, „Кој е крив“, „Две души и месечина“, ќе бидат само дел од репертоарот што ’чаирскиот романтичар’ ќе го изведе на сцената на 28-ми декември (Сабота).

Влезници во претпродажба: Југотон (ГТЦ прв кат), Камарад (Рамстор), Цвеќара Розе (Веро 2) и сите продажни места на МК Тикетс до 26. 12. 2013 (Четврток) по цена од 200 денари.
27 и 28 (Петок и Сабота) – 250 денари.
На врата: 300 денари.

Најчитани вести