Едно лице утрово го загуби животот откако во него удри возило опел астра, соопшти полицијата. Несреќата се случила во Чаир, нешто пред 7 часот на улицата „Ќемал Сејфула“ во близина на крстосницата на улиците „Вуковар“ и „Крсте Асенов“.
Возилото било со скопски регистарски таблички, а го управувал граѓанин на Скопје, додека пешакот, роден 1948 година, е од Велес.
По несреќата пешакот бил пренесен со возило на Брза помош во Ургентниот центар каде по извесно време им подлегнал на повредите.
Извор: 24 Вести


