Прегазена жена во Дебар Маало

Утрово загина жена во скопско Дебар Маало. На улицата „Антоние Грубишиќ“, кај училиштето „Коле Неделковси“, жртвата била прегазена од теренско моторно возило, управувано од 45 годишен жител на Илинден.

Шоферот возел во рикверц, не ја забележал жената и ја прегазил со задните тркала од возилото. Починала на самото место.

Од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ апелираат надлежните да го средат урбанистичкиот хаос во вој дел од градот, да се ослободат тротоарите, да се оградничи времето да дотур на стока.

Најчитани вести