Дваесет и едно годишно момче со тешки телесни повреди предизвикани во сообраќајна незгода во Скопје се бори за живот на КАРИЛ, информира МВР.
Момчето А.Н. (21) било повредено во половина час по полноќ на улицата „Орце Николов“ кога во него удрило возило “Пежо 107“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (29) од Скопје.
„Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во УЦ „Мајка Тереза“. Истиот е задржан на „КАРИЛ“ и е во животна опасност“, информира МВР.
Увид извршила екипа од СВР-Скопје.


