Српската фол ѕвезда Драгана Мирковиќ синоќа имаше концерт во Хановер, Германија, на кој ја доведе атмосферата до вжештување, но спектаклот во еден момент беше прекинат. Како што пренесуваат српските медиуми, на концертот, ненадејно настанала тепачка во публиката, поради што обезбедувањето веднаш реагирало, а Драгана престанала да пее.
Извор од местото на настанот опишал што се случило:
– Сите го чекаа настапот на Драгана, а потоа во еден момент дојде до недоразбирање, нечиј проблем. Момчињата кои беа во сепарето до бината и Драгана се скарале и настанала тепачка. Обезбедувањето мораше итно да реагира, па ги смируваа господата кои правеа проблем, а Драгана продолжи да ги пее своите хитови и публиката скокаше со неа до крајот на настапот – рекол извор кој присуствувал на концертот на фолк дивата.
За среќа, немало поголеми проблеми, бидејќи обезбедувањето ги отстранило проблематичните лица од клубот.
Меѓутоа, еден од нив подоцна се вратил во клубот и ѝ пришол на Драгана да ѝ објасни што се случило. Вака тој го „испровоцирал“ нејзиниот коментар.
– Сè заврши добро, сега нема да зборуваме за грди работи – рекла пејачката со насмевка, како и обично, пренесува српска „Република“.
Публиката синоќа ѝ пружи голема поддршка и љубов на Драгана, што е силен ветар во грб за пејачката по одлуката да се разведе од сопругот Тони Бијелиќ.
извор: slobodenpecat.mk


