На социјалните мрежи дел од семејствата на младите кои биле во кочанската дискотека „Пулс“ објавуваат фотографии од децата и броеви на мобилни телефони за ако некој ги види, да ги информира каде се наоѓаат и дали се примени во некоја болница.






Билансот е првата официјална бројка која од Министерството за внатрешни работи ја дадоа за МИА по пожарот во дискотеката „Пулс“ , кој се претпоставува дека почнал околу 03:00 часот по полноќ. Претходните медиумски извештаи говореа за првична бројка од десетици, па 30, по потоа околу 50 починати
Најмалку 50 е билансот на загинати во пожарот кој утрово избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, потврдија од МВР за МИА. Пожарот избувнал околу 3 часот, неофицијално поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1 500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.
Според првичните информации, повредените во пожарот што рано утрината ја зафати дискотеката полна со посетители се примаат во болниците во Кочани, Штип, Клиничкиот центар во Скопје, „8 Септември“ во Скопје.


