Кога ќе се симнеш од власт, мафијаши кои располагаат со милијарди евра, кога ќе им го уништиш нивниот криминален бизнис во државата, на Балканот и пошироко, и кога ќе им ја загрозиш нивната слобода, јас би бил многу претпазлив за мојата безбедност и сигурност. Тогаш не смее да има аматеризам и никакви пропусти во мојата заштита и обезбедување.
Дотолку повеќе што истите се поврзани помеѓу себе како црева, не само во регионот, туку и пошироко. Парите чуда прават. Посебно во сиромашни држави.
Впрочем таква е и нашата, а и нашето опкружување. Многу војни, оружје и пореметени умови на овие простори.
За жал, досега имаме такво искуство со двајца наши поранешни претседатели.
Знам, и длабоко сум убеден дека се спремни на сѐ.
Затоа на премиерот Зоран Заев му препорачувам дека му треба најпрофесионално обезбедување 24 /7, составено од луѓе без ниту една дамка во нивното работење.
Томе Милошески
(авторот е екс началник во УБК и помошник министер во МВР)


