Повеќе од еден месец по киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски, истрагата добива нов тек, а најновите информации отвораат сериозни сомнежи дека зад случајот стои лице од неговиот близок круг, пишуваат српските медиуми.
Адвокатот на Кајмакоски, Бранислав Станишиќ, откри дека постојат индиции кои укажуваат дека во случајот се вмешани луѓе кои пејачот ги познава.
„Имаме сомнежи поврзани со одредени лица кои Даниел ги познава и со кои во минатото имал некаков контакт“, изјави Станишиќ.
Според него, директните извршители на киднапирањето најверојатно биле странци, ангажирани за извршување на делото. Начинот на комуникација и нивниот изглед упатуваат дека станува збор за лица кои потекнуваат од Турција, Македонија или можеби од Виена, каде што пејачот живеел повеќе од две децении.
Клучното прашање што останува отворено е кој стои зад нарачката и со каков мотив е извршено киднапирањето.
Извор – Слободен печат


