Синоќа во 22.30 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Д.(75) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на ул.1 во Нова Колонија бил каснат од куче скитник.
Исто така синоќа во 21.50 часот во СВР Тетово, В.З.(30) од Тетово пријавил дека на улица „Киро Ристевски Дрнц бил каснат од куче скитник.
Вчера во 12.00 часот во СВР Битола, Б.Ј.(70) од с.Алинци, битолско, пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.
На 05.05.2023 во 20.00 часот во ОВР Прилеп, Г.К.(44) од Прилеп пријавил дека на ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп била каснат од куче скитник, информираат од полицијата.


