На еден човек му го украле автомобилот од паркингот пред неговата зграда, но следниот ден го нашол на истото место и тоа исперен и чист.
Кога го отворил, нашол писмо во кое пишувало: „Многу Ви се извинуваме за непријатностите што ви ги предизвикавме. Ви ја позајмив колата бидејќи сопругата беше во многу лоша состојба, таа требаше да се породи, па ја однeсов до болница. Се породи, фала му на господ, се е во ред. Како благодарност за вас и вашето семејство имам еден подарок; билети за кино, оставени се на задното седиште, и заедно со нив и некои лесни колачи, грицки и ф’стаци. Ве молам, простете ми“.
Кога го прочитал ова, на човекот му потекле солзи радосници. Си рекол: „Ти благодарам Господи за овој подарок, без никаков труд или работа“.
Кога следниот ден заедно со семејството отишле во кино и кога се вратиле дома го затекнале нивниот стан целосно празен. Нашле само едно писмо во кое пишувало: „Ви се допадна ли филмот?!“.
Наравоучение:
Нека не ве залажува туѓото однесување, бидејќи не знаете која е вистинската причина и што се крие зад тоа. Бидете многу внимателни и интелигентни со останатите од овој свет.


