(ФОТО) Прилепчанец – двапати премиер на Турција

..„Татковото заминување во Цариград во пролетта на 1919 година, во согласност со корените на неговата мајка, мојата баба Азбие Ханума, кадиска ќерка на турска рода од Прилеп, прва братучеда на идниот премиер на Ататуркова Турција, Фетхи Беј Окијар, остануваше најтаинствениот период од неговиот живот“, посочува академик Старова во својата книга „потрага по Елен Лајбовиц“ за славниот роднина Окијар. Старова во друг дел, додава: …„Татко ми раскажуваше за својата младост, за своите студии во Цариград, кога се разминува отоманската Империја и новата Ататуркова Турција, во која неговиот вујко Фетхи беј Окијар (родум од Прилеп) беше првиот премиер на Ататурковата Република Турција.“…„ Татковиот вујко Фетхи Беј Окијар имаше несомнено удел како близок пријател на Мустафа Кемал Атататурк, двапати како премиер во неговите влади, како претседател на Парламентот на Турција, како претседател на Либералната партија која ја означи мултипартиската демократија во Турција, како амбасадор во Франција и во Велика Британија и верен соборец во сите пресудни битки во создавањето на новата турска држава врз урнатините на Отоманската Империја“… „Татковото заминување во Цариград во пролетта на 1919 година, во согласност со корените на неговата мајка, мојата баба Азбие Ханума, кадиска ќерка на турска рода од Прилеп, прва братучеда на идниот премиер на Ататуркова Турција, Фетхи Беј Окијар, остануваше најтаинствениот период од неговиот живот“, посочува академик Старова во својата книга „потрага по Елен Лајбовиц“ за славниот роднина Окијар. Старова, во своето истражување на корените наидува на фотографии во Париз каде Окиајр бил амбасадор во француската престолнина. На една фотографија, бил облечен во амбасадорска свечена облека. На друга, пак, на која стоел датум од 30 август 1930 година, сликан е Окијар со назнака како министер на Турција. Старова споменува дека во 70-ите години од минатиот век, синот на Окијар, професор Осман сакал да го исполни аманетот на татка си, да се сретне со внукот и да го посети родниот татков град Прилеп. Ова не е целата приказна за прилепчанецот Фетхи Окијар, славниот турски државник, близок соработник со децении на Мустафа Кемал Ататурк. Се уште треба да се раскажат неговите животни нитки, особено за, барем детските години во Прилеп, оти сознанието за корените ја отвора густо напишаната животна книга. Оваа приказна е започната, и како најголемиот број животни патешествија, и треба уште раскажување. За споменот на прилепчанецот Али Фетхи Окијар треба да се направи повеќе, смета историчарот Рубин Белчески. prilepcanec Од аспект на се што постигнал во животот прилепчанецот Али Фетхи Окијар, можеби и ние како град треба да направиме нешто повеќе. Да го истакнеме неговото значење, да ја продлабочиме соработката со Турција, па и да има спомен соба како Кемал Атататурк во Битола. Зошто не? Елизабета Митреска Извор: МИА]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести