Обидувајќи се да ги наводни градинарските култури кои ги одгледувал во сопствената нива во месноста викана “Орушица”, 52-годишниот прилепчанец З.М. вчера околу 13 часот го загубил животот, откако се спуштил во шахтата за да ја вклучи пумпата за вода.
МВР информира дека Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Причина за смртта било задушување од издувните гасови од моторот за вода.
Телото на починатиот го пронашол соседот од соседната нива, откако забележал дека пумпата продолжува да работи, а З.М. подолго време не се појавувал.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Прилеп и јавен обвинител.
Инаку, сега починатиот бил вработен во прилепската Болница како техничко лице.


