Странските медиуми почнаа да објавуваат наслови во кои се наведува дека принцот Хари и Меган Маркл одлучиле да се разделат.
Војводата од Сасекс и актерката имаат две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет. Тие изгледаат како совршено среќно семејство во последните недели, но неодамнешните појавувања на Меган предизвикаа загриженост во јавноста бидејќи таа изгледала „несреќна“ без нејзиниот сопруг Хари.
„Мислам дека Меган беше во сенка и мислам дека не беше среќна поради тоа“, изјави кралската експертка Ингрид Стјуард, додавајќи:
Меган дава се од себе за да се справи со оваа промена, но не е лесно. Се договориле да се појавуаат посебно на јавните настани и кога станува збор за работата бидејќи се соочуваат со многу работи. Многу е полесно да се појавуваат посебно и да бидат на два фронта одеднаш, барем теоретски“.
Сепак, оваа тактика лошо влијаела на Меган, според Инсајдер.
„Овие промени ја оставија Меган прилично збунета. Таа се навикна Хари да биде покрај неа на секој голем јавен настан и на црвениот тепих, тој навистина ја смирува“, истакнува Инсајдер, додавајќи дека војвотката од Сасекс е загрижена колку лесно Хари влезе во „соло режим“:
„Нејзе ѝ е тешко без него, особено затоа што се чини дека тој нема никакви проблеми со прилагодувањето. Очигледно е дека сам добро напредува, додека таа се чувствува изгубено и се мачи. Меган се двоуми дали договорот да бидат независни еден од друг е добра идеја“, пишува Инсајдер.


