На социјалните мрежи се шири видео од принцот Хари каков што не сме го виделе досега.
Во Лондон тој уживал во поло, но во Америка, го живее американскиот сон. Хари се вљубил во сурфањето и според тоа што се гледа во видеото, одлично му оди.
Како што можете да видите, војводата од Сасекс учи да сурфа и успешно стои на бранот неколку минути.
Инаку, како што пренесуваат странските медиуми, најзаслужна за оваа нова љубов на Хари е неговата сопруга Меган Маркл, која за 36. роденден на Хари му подарила часови по сурфање.


