Принцот Вилијам синоќа ѝ се обрати на јавноста во врска со дијагнозата на кралот Чарлс на свечената гала вечер за поддршка на добротворната организација на лондонската воздушна амбуланта. Тој на присутните им кажа дека е благодарен за поддршката од јавноста.
„Навистина ја цениме љубезноста на сите, ви благодариме“, рекол Вилијам во својот говор.
„Исто така, треба да ја искористам оваа прилика да го спомнам мојот – наш – колега пилот, Том Круз. Том, огромна благодарност што нè поддржуваш вечерва“, додал принцот.
На свечената гала присуствуваше и холивудската ѕвезда Том Круз, со оглед дека актерот долги години ја поддржува оваа добротворна организација.
извор: slobodenpecat.mk


