Тужбата за сексуална злоупотреба против принцот Ендрју, која во 2019 година ја поднесе Вирџинија Џуфре, тврдејќи дека принцот ја силувал кога таа била тинејџерка, денеска е решена со спогодба, според судските документи кои ги посочува Гардијан.
„Вирџинија Џуфре и принцот Ендрју постигнаа вонсудска спогодба. Страните ќе поднесат барање за разрешување откако г-ѓа Џуфре ќе го добие договорот“, стои во документот од американскиот суд.
Со спогодбата, принцот „суштински ќе донира“ за поддршка на добротворната организација на „жената што можеби ја силувал и ќе го покаже своето жалење за неговата поврзаност со (Џефри) Епстин, поддржувајќи ја борбата против злонамерната трговија со секс“.
„Принцот Ендрју има намера да направи значајно дарување кон добротворната организација на г-ѓа Џуфре за поддршка на правата на жртвите. Принцот Ендру никогаш немал намера да го омаловажи ликот на г-ѓа Џуфре. Тој прифаќа дека таа страдала и како жртва на злоупотреба и како резултат на неправедни јавни напади“, се вели во судскиот документ.
MИА
]]>


