Притвор за двајца скопјани за продажба на дрога

СВР Скопје  до Основното јавно обвинителство ги предаде скопјаните Д.С.(22) и Д.Т.(24) поради основано сомневање дека сториле две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавените во текот на февруари оваа година, како што информира денеска МВР, од засега две непознати лица, купиле одредена количина наркотична  дрога-марихуана и синтетичка дрога-амфетамин, кои ги препакувале за улична продажба ги чувале во своите домови.

СВР Скопје, по добиеното сознание дека пријавените се занимаваат со недозволена трговија презело мерки и активности. Со наредба од судија на претходна постапка, се извршени претреси во домовите на пријавените. Кај Д.С. се пронајдени и одземени 9,2 грама амфетамин и 341,17 грама марихуана, додека кај  Д.Т. се пронајдени 595 грама марихуана.

Двајцата пријавени се регистрирани сторители на имотни деликти и деликти проследени со насилство, за што на Д.Т. за сторени 20 кривични дела му се поднесени 15 кривични пријави. Од надлежен суд му се изречени две мерки, засилен надзор и една условна осуда, додека на Д.С. со сторени осум кривични дела му се поднесени седум кривични пријави, а од надлежен суд му се изречени три мерки засилен надзор.

Судија на претходна постапка на пријавените им одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести