СВР Скопје-Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје го предаде Е.К. (35) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
За делото, соопшти денеска МВР, судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.
Пријавениот во текот на март 2014 година, од засега непознато лице, купил околу 800 грама марихуана, која ја препакувал за улична продажба и ја чувал во својот дом.
Единицата за недозволена трговија со дрога во СВР Скопје, по добиеното сознание дека пријавениот се занимава недозволена трговија презеде оперативно тактички мерки и активности за обезбедување материјални докази и на 28. минатиот месец со наредба од судија на претходна постапка, изврши претрес во домот на пријавените при што кај Е.К. се пронајдени и одземени 750 грама марихуана.
Инаку, Е.К. е регистриран сторител на имотни деликти, деликти проследени со насилство, како и на кривични дела од областа на недозволена трговија за дрога, за што му се поднесени 12 кривични пријави, за вкупно извршени 51 кривично дело. За кривичните дела за кои се товари, во периодот од 1995/2008 година, му се изречени и шест мерки засилен надзор од социјален орган и 13 казни затвор.
]]>


