Приведен 40-годишен маж од Росоман, со стаклен предмет го нападнал татка си

Во Тиквешијата синоќа бил приведен 40-годишен маж, бидејќи го нападнал татко му со стаклен предмет.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес, синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ц.Б., на возраст од 40 години од кавадаречко.

Тие постапиле по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, кој пријавил  дека во неговиот дом во село во општина Росоман, по кратка расправија, го нападнал со стаклен предмет. 

-Ц.Б. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР – Велес. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести