Полицијата вчера го лиши од слобода Д.Т. (32) од скопското село Визбегово, откако била пронајдена дрога при претрес во неговиот деловен објект и дом.
– При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, повеќе различни видови таблети и две дигитални ваги. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во село Визбегово и притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и повеќе таблети, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.Од МВР дополнуваат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


