Приведен крадец од Прилеп, одземеното вратено на сопственикот

  Полициски службеници денеска го привеле С.Р. (28) од Прилеп. Како што информираат од МВР, тој  се сомничи дека извршил кражба во објект за продажба на сувенири, сопственост на Музеј Прилеп, а кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

-Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

МИА

Најчитани вести