Mинистерството за внатрешни работи соошто дека доцна синоќа, околу 21.45 час. на патот Струга-Дебар, пред с. Велешта е приведен криминалец баран за казна затвор во траење од 21 година.
Пполициските службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година.
При приведувањето кај Е.Б. е пронајден пиштол. Приведен е и Б.Б., кај кого исто така е пронајден пиштол.
]]>


