Приведен кумановец поради предизвикување општа опасност

На 17.03.2023 година во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.В. (18) од Куманово.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно помеѓу улиците „Драган Стопаревиќ“ и „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово предизвикал пожар, при што била запалена трева.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од полицијата.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести