Приведени над 10 лица во Куманово осомничени за сериозен криминал

Во голема полициска акција во Куманово и околината изутринава се приведени над 10 лица осомничени за сторен сериозен криминал како што е шверц со дрога, оружје, перење пари, лихварство…. Акцијата се уште е во тек и се вршат претреси.

Според првичните информации од МВР, криминалната група дејствувала од 2004 година, а најверојатно по апсењето на Бајруш Сејдиу во полициската акција „Пепел“, ја презела „неговата територија“.

Инаку, првоосомничениот во оваа полициска акција во обид да избега се качил покрив на куќа, и подолго време одбивал да се предаде.

Од полицијата највуваат детали во текот на денот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести