Од Ургентниот центар во Сараево изјавија дека имаат невообичаено голем број на повици од луѓе кои се чувствуваат премногу добро, а со секоја интервенција пациентите тврдат дека јаделе пита на пазарот во населбата Ступ, за која порталот Sarajevo365.com тврди дека е направена од марихуана, а не од спанаќ.
Полицијата работи на утврдување на идентитетот на постара жена која во текот на денот на пазарот продавала пита пред која пишувало зелјаница, а која најверојатно е причина за предизвикување на прекумерно чувство на добро расположение кај десетици жители на Сараево, кои се жалеле на брзата помош бидејќи не се навикнати, или никогаш не им било толку добро како тој ден, а некои други, како што јавува порталот Sarajevo365.com, дури и барале било каков лек тоа чувство еднаш да престане, бидејќи не можеле да се навикнат на таква ненадејна промена.
Извор: Sarajevo365.com (портал за сатирични вести)


