Многу луѓе не се сигурни колку често треба да ги перат фармерките. Сепак, експертите од Леви Штраус препорачуваат перење само еднаш на 10 носења.
Оваа препорака е поддржана од Моник Ливенбург, директорка за технологија на производство, која истакнува дека колку помалку ги перете фармерките, толку подобро ќе го задржат својот изглед, особено оние кои се со потемна боја. Таа исто така советува да ги сушете фармерките на на жица наместо во машина за сушење, што не само што е подобро, туку и заштедува енергија, пишува Информер.
Правилно перење на фармерки
Кога конечно ќе дојде време да ги исперете фармерките, се препорачува да се перат наопаку со патентот и копчето на половината. Исто така, важно е да користите детергент за нега на боја и да ги перете на 30 степени. Моник додава дека важно е фармерките да не се оставаат премногу долго влажни во машината за перење, туку веднаш да се извадат и да се протресат пред да се стават на сушење.
Митот за замрзнување на фармерки
Неодамна на интернет се појави популарен трик кој ги советуваше луѓето да ги стават фармерките во замрзнувач меѓу перење за да го продолжат својот век, тврдејќи дека на тој начин ќе се убијат сите бактерии на нив. Сепак, Моник објаснува дека ова е еден од најголемите митови и дека замрзнувањето на фармерките не ги убива бактериите и не помага на кој било начин.
– Замрзнувањето на фармерките е мит и не ги убива бактериите. Ништо не помага и не е алтернатива за нивно перење – заклучи Ливенбург.
Имајќи ги на ум овие стручни совети, можеби е време да ги преиспитаме нашите навики за перење фармерки и да ги испробаме овие препораки за да го продолжиме животниот век на нашите омилени фармерки додека го зачуваме нивниот изглед и квалитет.


