Продолжува фудбалската сезона и тоа пред навивачи

Шведското фудбалско првенство ќе започне на 14 јуни и ќе се игра пред навивачи, а не на празни стадиони, одлучи Шведската фудбалска федерација откако разговараше со клубовите од Првата и Втората лига. Швеѓаните имаа видео состанок на кој се согласија за детали во врска со сезонското продолжение.

Тие играат на принципот на пролет – есен. Сезоната обично ja започнуваaт во март, а ја завршуваат во ноември. Целта им е сите натпревари да се играат пред гледачите, истакнувајќи дека „Шведската федерација продолжува ќе ги следи и случувањата со пандемијата“.

Шведска избра сосема поинаков начин на борба против коронавирусот, различен од сите други европски земји. Државата не побара од луѓето да бидат во карантин, нема забрането јавни собири, а работат и кафулињата и рестораните. Поради ваквиот пристап имаат сè повеќе критики, но и симпатии од остатокот на Европа.

Сè уште не е познато кога во Европа ќе продолжат повеќето од националните фудбалски првенства, но се знае дека тие ќе бидат без публика на стадионите.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести